Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Од овој месец здравствените работници добиваат 10 отсто повисока плата

25/11/2024  14:35

Од овој месец здравствените работници добиваат 10 отсто повисока плата, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање на тема здравство во однос на тоа дека е постигнат договор со синдикатите и од кога ќе почне официјално да важи или да тече исплатата на повисоки плати за докторите и другиот медицински кадар.

„Да, еден од низата историски договори што во овие пет месеци ги постигневме е и овој со Синдикатот, односно со здравствените синдикати, бидејќи беа повеќе на број. Од овој месец, од ноември практично, здравствените работници добиваат десет проценти повисока плата и нови пет проценти заклучно со мартовската плата, која ќе биде исплатена во 2026 година. И во зависност од состојбата во буџетот, продуктивноста и така натаму, во еден циклус од четири години можеме да дојдеме до педесет проценти повисока парична маса, која ќе биде насочена кон докторите и медицинскиот персонал, да се разбереме и медицинскиот персонал болничарите, сестрите и така натаму, така што еден од тие би рекол историски договори е и овој“, рече Мицкоски.