
На седум лица чии имиња се спомнуваат во Комисијата за проценки од штетиоштета од земјотресот во 2022 во Битола, според податоците на порталот „Отворени финансии“ (https://open.finance.gov.mk/mk/home), Општината им исплатила вкупно околу 14.000 евра или од 1.600 до 2.400 евра за секој член, пишува СДК.мк
Членовите на Комисијата, петмина експерти и 15 лица вработени во Општината се објавени во Службениот гласник на Општина Битола. Но, само за седуммина од нив, двајца експерти и петмина општински административци на „Отворени финансии“ има податоци дека им биле исплатени пари на 13. 10.2023 година. Едниот од експертите, по професија градежен инженер, зел 151.039 денари (околу 2.500 евра), а другиот дипломиран правник 135.000 денари (околу 2.200 евра). Лицата од администрација истиот ден зеле од 1.650 евра до 1.980 евра. Вкупно кон проценителите биле исплатени 843.210 денари, (околу 14.000 евра).
Според објавите во Службениот гласник, за проценка на штетите земале по 360 денари од предмет што би дошло околу 2.342 решени предмети.
Габриела Илиевска од независната граѓанска иницијатива Поинаку, која беше претседателка на Советот во периодот кога се случи земјотресот, реагира дека „битолчани добија по 81 денар за штетите од земјотресот“.
„За 2.400 оштетени битолчани од земјотресот се одобрени 5%, просек по 700 денари, а за Комисијата за проценки на штета од земјотреси се потрешени милион денари за десетина души? Лоша математиката, ама гледам крепи Битола уште повеќе“, реагира Илиевска.
Целиот текст на следниот линк


