Skip to main content
Македонија

Сточар од Лакавица остана без пет овци и три јагниња

06/02/2026  19:24

Непознати сторители украле пет овци и три јагниња синоќа, од бачилото на сточарот Ибраим Хусеин во штипското село Лакавица. Според Хусеин, непознати лица со автомобил се движеле низ селото и ги однеле животните.

Хусеин, кој чува околу 220 овци и произведува млеко и млечни производи, истакна дека ваквите кражби не се новина за Штипскиот регион.

,,Бараме да се најде некое решение, да им се помогне на сточарите. Лани имаше околу 100 овци украдени во Штипско, еве синоќа и кај мене” – изјави Хусеини.

Тој додаде дека одгледувањето овци станува сè потешко поради комбинација од климатските промени, сушата која ја намалува количината на млеко, и фактот што сточарите сè уште не ги добиле субвенциите. „Не се исплаќа, ние сме загрозени од сите страни. Климатата и времето се против нас, субвенциите ги нема, а на тоа се додаваат кражбите“, објасни Хусеин.

На крајот, сточарот упати апел до надлежните институции да ги најдат сторителите и да спречат вакви кражби во иднина.