
Шест жалби по завршувањето на парламентарните избори одржани на 28 декември добил вховниот суд во Косово.
Според соопштението, две жалби поднел кандидатот на Демократската партија на Косово, Беким Хаџиу, една од Обединетата ромска партија на Косово, една од коалицијата PAI-PDAK-LPB, една од Емилија Реџепи и една од Новата демократска партија на Призрен.
Врховниот суд има пет дена да одлучи по овие жалби, кои претходно беа отфрлени од страна на Комисијата за изборни жалби и петиции.
Доколку Врховниот суд ги отфрли жалбите, тогаш е можно да се потврдат резултатите од изборите.
