
По протестот на ромите, реакција има и од министерската за образование и наука Весна Јаневска која истакна дека законските минимум стандарди за возачка дозвола мора да се почитуваат.
Јаневска нагласи дека за добивање возачка дозвола е потребно само минимално, односно основно образование, кое е бесплатно и достапно за сите.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста преку Центарот за образование на возрасните. Имаме огромен број инструменти со кои се обидуваме да ја подобриме ситуацијата на Ромите, но тие треба да ги искористат овие можности“, изјави Јаневска.
Министерката потсети дека МОН ангажира 40 ромски медијатори за да се спречи напуштањето на наставата и дека преку проектот „Деценија на Ромите“ се посветува сериозно внимание на оваа етничка заедница.

