
Сообраќајот на државните патишта се одвива во нормални зимски услови, при што на одредени делници коловозите се влажни. Возачите се предупредуваат на зголемена внимателност, особено во повисоките и планинските предели.
Намалена видливост поради појава на магла, до околу 30 метри, е евидентирана на патниот правец Попова Шапка – село Лисец, што дополнително ги отежнува условите за возење на оваа делница.
Надлежните апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење, да користат зимска опрема и да ја следат состојбата на патиштата пред да тргнат на пат.

