
Украинските и руските преговарачи попладнево во Абу Даби го завршија првиот ден од разговорите со посредство на САД за прекин на војната во Украина, пренесуваат светските агенции.
Според извори на Аксиос, „разговорите ќе продолжат утре“.
Станува збор за втора рунда преговори за завршување на војната во Украина. Првата рунда преговори се одржа во Обединетите Арапски Емирати изминатиот месец. Тоа беа првите директни јавни преговори меѓу Москва и Киев.
