Skip to main content
Хроника

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“

04/02/2026  10:57

Министерството за внатрешни рабпти информира дека во текот на вчерашниот ден (03.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 650 прекршоци.

Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 36 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 590 прекршоци, а за нерегистрирани возила 24 прекршоци.

При тоа изречени се вкупно 61 забрани за управување на моторно возило.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за безбеден сообраќај на територијата на целата држава“ велат од МВР.