Skip to main content
Свет

Грција ги забранува социјалните медиуми за лица под 15 години

03/02/2026  20:43

Грција е чекор до воведување забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години, додека Шпанија најави слична мерка за лица под 16 години, со поостар пристап кон одговорноста на онлајн платформите, јавуваат светските агенции. Во Португалија, во парламентот веќе е поднесен предлог-закон со кој би се ограничил пристапот до социјалните мрежи за лица под 16 години без родителска согласност.

Овие иницијативи се дел од поширокиот европски тренд за заштита на малолетниците од штетни содржини и дигитална зависност. Најновите најави ги придружуваат и други земји, меѓу кои Франција и Велика Британија, кои размислуваат за слични мерки, откако Австралија стана првата држава што воведе целосна забрана за социјални мрежи за лица под 16 години. Австралиските власти информираа дека по воведувањето на мерките биле блокирани над 4,7 милиони профили на малолетници, што дополнително ја засили дебатата за одговорноста на технолошките компании.