Skip to main content
Македонија

Укината забраната за камиони и на патниот правец Маврово – Дебар

01/02/2026  16:57

Од 16:05 часот укината е забраната за движење за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, соопшти АМСМ. Забраната беше воведена денеска од 5.45.

Претходно, како што соопшти ЈП „Македонија пат“, од 14.30 часот беше укината и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево.

Од 09.20 часот поради врнежи од снег, е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец крак Шипковица-Попова Шапка.

Како што информира ЈП „Македонијапат“, врнежи од снег има во Крушево, на Попова Шапка и во Маврово и на планинските превои Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.