
Соопштение за јавност на СДСМ:
Во соседна Србија запленета е огромна количина од 5 тони дрога која дошла од Македонија.
Косопственик на Македонска фирма е меѓу уапсените.
Ова е огромен скандал за кој мора да им одговорност.
Како 5 тона дрога завршиле во Србија преку Македонија а владата молчи?
Кој дозволил преку македонската граница да помине огромна количина на дрога?
Без поддршка на структури во власта и во македонските институции ова е невозможно да се случи.
Кој се е вмешан во овој картелски скандал во Македонија?
СДСМ со денови алармира за поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија.
Се уште нема одговор ниту за сликите на Мицкоски со криминалецот С.З познат како Симе, уапсен во случај со поголема количина дрога, оружје, муниција и голема количина пари.
Во судовите во Србија и Црна Гора се цитираат Sky преписки за „шефот Оскар”.
САД носат Закон за Западен Балкан со фокус на борбата против корупцијата и криминалот.
Македонија го има својот Мадуро.
За ваков картелски скандал мора да има одговорност!
Работата не е завршена!
Сите ќе одговарате!
