Skip to main content
Македонија

Бидете внимателни: Започнаа врнежите од дожд и од снег во Македонија

01/02/2026  09:42

Метео анализа на Славчо Попоски:

Започнаа врнежите од дожд и од снег во Македонија  и тоа поради влијанието на циклонот кој се формираше над Јонско море  и јужен Јадран. Во овие моменти врнежи имаме во поголемиот дел од Македонија  и дожд претежно врне сеуште во градовите а во повисоките населени места, планините  и на Скијачките центри врне снег  и таму владее вистинска снежна убавина.

Според табелата која ја објави УХМР до 7 часот утринава најмногу дожд има наврнато во Гевгелија  и тоа 12 литри на метар квадратен дожд. Во исто време најладно со измерени -4 степени беше на Попова Шапка а 7 степени беа измерени во Гевгелија.

Во текот на денов снежната граница ќе се спушта па така врнежи од снег ќе има  и во дел од градовите особено во западните, северните  и во источните предели од Македонија  и тоа поради дополнително спуштање на ладен воздух од север.

Апелирам поради очекуваните нови врнежи од снег возачите да бидат внимателни особено доколку се движат низ планинските превои.