Skip to main content
Скопје

Почнува доградбата на подземниот булевар „Македонија“

01/02/2026  09:11

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ќе присуствуваат на свеченото отворање на градежните работи за првата етапа од булеварот Македонија.

Овој проект ги опфаќа влезовите и излезите на подземната сообраќајница што ќе поминува под станбено-деловниот објект „Лимак“, лоциран во срцето на градот, веднаш до Старата железничка станица.

Како што е познато, сообраќајното решение под „Лимак“ е изградено а остануваат да се изградат влезовите и излезеите кај зградата на Нова Македонија, а другиот на Јужен булевар, во близина на Тутунски комбинат.

Решението е со цел да се намалат гужвите на булевар Македонија кој води од Центар кон Карпош (пред Старата железничка станица) и на улица Железничка (Јордан Мијалков) кој води од Центар кон Кисела Вода