Skip to main content
Свет

Екстремниот студ и нови бури им се закануваат на источните држави на САД

31/01/2026  21:46

Околу 240 милиони жители на САД се под метео-предупредување поради екстремен студ и зимски бури кои го зафаќаат источниот брег, додека дел од земјата сè уште се справува со последиците од минатонеделното ледено невреме. Температурите драстично се намалија, а во Западна Вирџинија беа измерени и до -27°F (околу -33°C). Новиот временски систем носи силни ветрови, обилни снежни врнежи и ризик од поплави. Илјадници домаќинства и бизниси сè уште се без електрична енергија, најмногу во Мисисипи и Тенеси.

Во Нешвил, повеќе од 47.000 луѓе останаа без струја, што предизвика револт кај граѓаните и реакции од државните власти. Гувернерот на Тенеси побара поголема транспарентност и јасен план за нормализирање на состојбата. Според американските медиуми, најмалку 76 лица загинале од почетокот на студениот бран, поради хипотермија, труење со јаглерод моноксид и различни несреќи. Експертите предупредуваат дека ризикот по здравјето дополнително ќе се зголеми, особено во јужните држави, каде населението не е навикнато на вакви екстремни температури, кои во некои региони ќе паднат и до -20°F (околу -29°C).