Skip to main content
Хроника

Маж пронајден починат во шахта за водовод

31/01/2026  18:25

Седумдесет и петгодишен маж беше пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, соопшти МВР.

Според пријавата, неговиот роднина го нашол телото во куќата на братучедот. На местото на настанот извршен е увид од јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција. Телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.