
Со зголемено полициско присуство и засилени безбедносни мерки денеска се одржува маршот „Стоп за УСЈЕ“, кој започнува во 12 часот пред Владата.
Полициски службеници се распоредени долж трасата на маршот со цел непречено и безбедно одвивање на протестот, како и регулирање на сообраќајот.
Граѓаните преку маршот испраќаат јасна порака против загадувањето и институционалниот молк, барајќи конкретни мерки за заштита на здравјето и животната средина.

