Skip to main content
Хроника

Уапсени четворица државјани на Турција во Скопје, пронајдена дрога и оружје

30/01/2026  13:17

На 29 јануари 2026 година, околу 05:00 часот, во селото Љубин, скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода четири лица – Ј.У.С. (23), О.Т.С. (19), О.Т. (18) и У.А.Е. (18), сите државјани на Република Турција.

При извршената контрола, кај лицето О.Т. биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана, додека кај У.А.Е. биле пронајдени и одземени метален боксирач и нож. Останатите лица, заедно со Ј.У.С. и О.Т.С., се обиделе да побегнат со патничко возило откако ги забележале полициските службеници, но биле спречени во намерата.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.