Skip to main content
Хроника

Уапсени возачи во Пробиштип и Гевгелија кои возеле пијани

30/01/2026  13:04

На 29.01.2026 во 23:40 часот на ул.„Кочо Рацин“ во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Д.Г.(41) од Пробиштип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Г., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,66 промили алкохол во крвта. 

На 30.01.2026 во 01:20 часот на бул. „Гевгелија“ во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.М.(58) од Валандово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал М.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта. 

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.