
Казахстанската тенисерка Елена Рибакина попладнево ја победи Американката Џесика Пегула во полуфиналето на Австралија Опен 2026 со 6:3 и 7:6 (9:7).
Натпреварот траеше 1 час и 42 минути. Рибакина сервираше шест аса и реализираше четири од 10 брејк топки. Пегула имаше два аса и реализираше три од четири брејк топки.
Во финалето на Грен слемот во Мелбурн, Рибакина ќе се соочи со Белорусинката Арина Сабаленка, која денес ја победи Украинката Елина Свитолина (6:2 и 6:3).
Двете тенисерки претходно се сретнаа во финалето на Австралија Опен 2023, каде што Рибакина загуби од Сабаленка со 6:4, 3:6 и 4:6.
Утре на Австралија опен се машките полуфиналиња, а женскот финале на програмата е в сабота.

