Мадона задоволна од соработката со „Бaрбери“

Таа е нашироко позната како кралица на попот.

Но, Мадона, исто така, е позната по тоа што често ги остава своите 17,8 милиони следачи на Инстаграм да ѝ завидуваат на нејзиниот изглед, особено во најновата објава на платформата за споделување фотографии.

Во средата, 63-годишната хитмејкерка го потврди нејзиниот деловен потфат со британската луксузна модна куќа „Барбери“.

„Врвна соработка помеѓу ‘Барбери’ и ‘Супејм’“ напиша таа во описот на објавата. Поп-кралицата позира во длабок корсет, искинати фармерки и „Бaрбери“ јакна во бебешко розова боја, што ја покажува однапред и одзади.

Покрај трите фотографии, Мадона го означи Рикардо Тиши, креативен директор на модната куќа. „Ти благодарам Рикардо @burberry………. оваа нова соработка е врв!“

Треба да знаете
Последни објави