Листата на повредени фудбалери кај лидерот во шпанската фудбалска Ла Лига, Барселона од денеска е подолга за Роберт Левандовски. По поради истегнување на мускул полскиот интернационалец Левандовски ќе мора да паузира најмалку две недели, а тоа значи дека нема да биде дел од тимот за првиот полуфинален меч против Реал Мадрид од Купот на кралот, кој се игра в четврток, како и за првенствената пресметка против Валенски следниот викенд.
Левандовски против Алмерија каде синоќа Барселона неочекувано загуби (0:1) ги одигра целиот натпревар, но по средбата се пожалил на повреда. По направените лекарски прегледи се покажало дека повредата на Левандовски е посериозна, па сега луѓето задолжени за здравствениот билтен кај Барселона забрзано работата да го рехабилитираат Полјакот да се врати во тимот барем за реваншот против „кралевите“ закажан за 19 март.