Skip to main content
Спорт

АО: Алкараз и Зверев четвртфиналисти

25/01/2026  11:35

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако денеска го победи Американец Томи Пол (АТП-20) со 3:0 во сетови (7:6, 6:4, 7:5).

Најдобриот светски тенисер до победата дојде по два часа и 44 минути.

Алкараз досега нема пласман подалеку од четврт-финалето на Австралија опен, кој е единствен грен слем турнир што го нема освоено во кариерата.

Негов противник во осминафиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу домашниот тенисер Алекс де Минор и Казахстанецот Александар Бублик.

Пласман меѓу осумте најдобри во Мелбурн обезбеди и Германецот Александар Зверев, кој денеска беше поуспешен во три сета од Аргентинецот Франциско Серундоло (АТП-21) со 6:2, 6:4, 6:4.

Третиот тенисер во светот победи по два часа и 12 минути.

Зверев ќе игра во четврт-финалето против победникот од дуелот меѓу рускиот тенисер Данило Медведев и Американецот Лернер Тиен.