
Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски, е пуштен од притвор, дознава Телма.
Неофицијално, гаранцијата што ја дал за да не избега изнесува речиси 5 милиони евра. Таа вклучува куќа со двор во Битола и три стана, исто така во Битола, сопственост на „Марковски компани“. Како движен имот под гаранција се водат и 25 булдожери и камиони, кои се дел од фирмата.
Одлуката ја донел Основниот суд во Битола, иако претходно битолското обвинителство дало негативно мислење на барањето за укинување на притворот. Судот му определил мерки на претпазливост – Марковски еднаш неделно треба да се јавува во судот, а привремено му е одземен пасошот.
Од обвинителството за Телма ја потврдуваат информацијата и додаваат дека поднеле приговор за надлежноста на Кривичниот совет, сметајќи дека одлуката требало да ја донесе Апелацискиот суд.

