
Француската морнарница пресретнала танкер за нафта од Русија, под сомнение дека пловел со лажно знаме, истакна францускиот претседател Макрон.
Во објава на социјалните мрежи, Макрон рече дека бродот е пренасочен.
„Нема да толерираме никакво прекршување. Утрово француската морнарица се качи на танкер за нафта што доаѓаше од Русија, кој е под меѓународни санкции и за кој се сомнева дека плови под лажно знаме. Операцијата беше спроведена на отворено море во Средоземното Море, со поддршка на неколку наши сојузници. Беше спроведена во строга согласност со Конвенцијата на Обединетите нации за морско право“, рече Макрон.
Тој исто така изјави дека е покрената судска истрага.
„Решени сме да го почитуваме меѓународното право и да обезбедиме ефикасна примена на санкциите. Активностите на флотата во сенка придонесуваат за финансирање на агресијата против Украина“, рече францускиот претседател.
