Skip to main content
Македонија, Хроника

Почина бабата која беше претепана од својот внук во Битола

22/01/2026  16:50

Битола е во шок по веста дека 79-годишната жена, која пред шест дена беше жртва на свирепо семејно насилство, им подлегна на повредите. Несреќната жена денеска беше погребана на Светонеделските гробишта, откако лекарите во битолската болница не успеаја да ја спасат од тешките повреди на мозокот и многубројните скршеници, пренесе СДК.

Зад оваа смрт стои нејзиниот 28-годишен внук Т.Р., кој на 17 јануари ја претворил заедничката куќа на улицата „Лавчанска корија“ во сцена од хорор филм. Тој ја блокирал влезната врата со фиока за никој да не може да влезе и да помогне, а потоа со раце ја удирал старицата по главата и телото додека не ја онесвестил.

По крвавиот пир, внукот избегал, а полицијата го пронашла на бизарна локација – како игра во казино во Битола. Наместо слобода, тој сега се соочува со обвинение за убиство.