
Судијата осомничен за корупција, Ѓоко Ристов, денеска се наоѓа во просториите на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде што се преземаат процесни дејствија поврзани со истрагата за пронајдените околу 350.000 евра во неговата семејна куќа во Неготино.
Според неофицијални информации на 4NEWS, јавниот обвинител побарал да му биде одземен пасошот и да му се определи мерка куќен притвор, додека трае постапката.
Од Обвинителството информираат дека предметот е сложен и обемен, при што се преземаат сите неопходни мерки за целосно документирање на случајот и утврдување на потеклото на пронајдените средства.
Ристов, според информации од судски извори, минатата недела заминал на боледување, по што неговите колеги повеќе не го сретнале на работното место, додека јавноста остана без официјални информации за неговата локација сè до денес.
