Skip to main content
Македонија

Кривична пријава за двајца за бесправно градење во охридско

20/01/2026  11:39

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Т.(53) од Охрид и Е.Д.Г.(44) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Тие, како инвеститори, на катарстарска парцела во охридското село Велестово започнале изградба на објект иако знаеле дека не поседуваат соодветна градежна дозвола издадена од надлежен државен орган.

По контрола извршена на 17.12.2025, констатирано е дека објектот се гради без одобрение од инспектор од Одделението за инспекциски надзор и било изготвено решение за отстранување на градбата.