Во Домот на АРМ денеска се одржа хуманитарен концерт на Ансаблот за народни песни од Скопје „Вања Лазарова“.
Ансамблот кој е под закрила на Црвениот крст – Клубот на пезнионери и успешно функционира веќе 25 години.
Десетици жени и мажи, придружени од диригент и музичари препејуваат традиционални македонски песни и успешно ја претставуваат државата на бројните гостувања на Балканот но и низ Европа.
На денешниот концерт „Вања Лазарова“ се претстави со неколку македонски изворни мелодии.
Покрај нив, настапија и неколку гости како Орце Стефковски, КУД Распеани гевгеличани, хорот Шчипјани и хорот Ѓердан од Штип.
Средствата кои беа собрани од посетителите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.