Skip to main content
Македонија

СДСМ: Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е дефокус, анти ЕУ кампања, криминал и корупција

17/01/2026  11:02

Соопштение за јавност на СДСМ:

Политиката ан ВМРО се сведува на три сегменти: дефокус од вистинските проблеми, анти ЕУ кампања и криминал и корупција.

Ништо друго.

За ниту едно прашање од интерес на граѓаните нема одговори. 

Нема одговор зошто нема зголемување на платите, нема одговор за тоа што недостасуваат 2 милијарди евра. 

Нема одговор за „економските работници”. 

Нема одговор ниту за криминалните тендери, ниту за Алта банка, за ноќните волци на Путин, 

Но затоа има постојан дефокус.

По стариот рецепт од кујната на ВМРО се обидуваат да го тргнат вниманието на граѓаните од катастрофата којашто се случува во земјата.

Дефокусот секогаш е проследен со јавен линч преку лажни вести и манипулации, против претседателот на СДСМ, раководството на партијата, членовите и симпатизерите.

На тоа се надворзува и анти ЕУ кампањата и анти американските активности со ноќните волци на Путин.

Не е чудно што веќе не водат како земја од „третиот свет”