Skip to main content
Македонија

СДСМ: Одлуката на САД за визите е порака, стануваме земја од „третиот свет”

17/01/2026  09:40

Соопштение за јавност на СДСМ:

Одлуката на Соединетите Американски Држави да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не е „техничка пауза” туку предупредување.

Стануваме земја од „третиот свет”. 

Македонија денес ја плаќа цената на погрешните политики на Мицкоски што водат кон затворање, изолација и губење на довербата кај стратешките партнери. 

Надворешната политика на оваа влада е сведена на антиамерикански активности на најблиските соработници на Мицкоски, како неговиот вицепремиер Стоилковиќ, кој има отворени проруски ставови, директни врски со Москва.

Истовремено, сведоци сме на агресивна анти-ЕУ кампања. Наместо реформи, намерно се продуцираат судири со Грција и Бугарија, повторно се отвораат затворени прашања, со единствена цел – да се оправда изолацијата и да се избегнат вистински решенија.

Во таа смисла, мерката на САД е индикатор за тоа каде реално се наоѓа Македонија на меѓународната мапа: во периметарот на Сомалија.

Ова се само првите чекори. САД веќе носат и Закон за Западен Балкан, насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата.

СДСМ ќе продолжи јасно, гласно и одговорно да ја разоткрива оваа опасна агенда на власта и да се бори против политиките на изолација, криминал и разорување на стратешкото партнерство со САД.