Skip to main content
Скопје

Скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

16/01/2026  15:24

ОЈО поведе постапка против 51 годишен скопјанец кој е осомничен за физички напад врз жена.

На 14 јануари, во видно алкохолизирана состојба, осомничениот ја нападнал својата партнерка во домот во Гази Баба во кој таа привремено престојувала. Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот, а и се заканил и со нож со кој замавнал кон неа. Жената успеале да ја спасат двајца други потстанари во истата куќа, кои ја извлекле и повикале полиција. Кај жртвата биле констатирани повеќе повреди, меѓу кои пукнатина на ребро и на градна коска.