
Нема интеграција – следи стагнација. Економијата е девастирана. Во буџетот веќе недостигаат две милијарди евра. Следуваат дополнителни задолжувања. Има пари за тендери, но нема за плати и пензии.
Зошто нема пари? Затоа што на големо се делат тендери на ортаците на Мицкоски, со тендери се плаќаат предавниците кои гласаа и за срамната Резолуцијата – ЗНАМ.
Се финансираат проекти против СДСМ преку квислинзи, како Деспотовски, кои се обидуваат да го урнат СДСМ одвнатре.
Сето тоа затоа што СДСМ ја изнесе вистината пред јавноста за криминалот и корупцијата, го обелодени планот за предвремени избори и за мигрантите.
Нема да им помине. СДСМ е уште посилен. Има нова сила и нова енергија.
Додека СДСМ беше на власт имаше зголемување на платите и пензиите. Зошто? Затоа што немаше делење тендери и немаше потреба да се плаќаат предавници, сателит-партии, црни кампањи.
Затоа денеска СДСМ ја враќа власта во рацете на народот.
Нам не ни треба еден лидер, ни треба систем што нема да го дозволи ова. Затоа – интеграции, реформи и европски вредности.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста

