Skip to main content
Свет

Турција е против воена интервенција во Иран

15/01/2026  15:18

Турција е против било каква воена интервенција во Иран. Ова го потврди министерот за надворешни работи на Турција Хакан Фидан кој го повика Техеран сам да си ги реши проблемите.

Не сакаме да видиме каква било интервенција тука, но кога ќе ја погледнете политиката на (американскиот претседател) Доналд Трамп, досега не сме виделе силна склоност кон употреба на копнени сили“, рече Хакан Фидан.

Фидан зборуваше на прес-конференција во Истанбул и додаде дека настаните во Иран имаат „меѓународна димензија бидејќи Техеран е под санкции“.

„Она што е збунувачко овде е тоа што тешкотиите со кои се соочуваат луѓето поради економски и други проблеми може да изгледаат како идеолошко востание против режимот, всушност, ова е сива зона“, додаде Фидан.