
Вчера во 23:30 часот во село Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ч. (28) од истото село.
Претходно, околу 22:30 часот во село Отља, општина Липково, осомничениот не застанал на даден знак за запирање, по што со патничко возило „Ауди А3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник и продолжил со движење.
Во близина на село Романовце, С.Ч. го запрел возилото, го напуштил и се дал во бегство. При обидот за негово запирање, еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Набргу осомничениот бил стигнат и приведен, при што пружал отпор и физички нападнал полициски службеник.
С.Ч. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

