Skip to main content
Хроника

Маж со остар предмет заканувал на своите ќерки и ја нападнал сопругата

14/01/2026  14:18

Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.К.(56) затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне. Претходно, со остар предмет, упатувал закани и кон нивните две ќерки, при што оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.