
Во ноември 2025 година 77.570 туристи оствариле 146.605 ноќевања во државава. Од вкупниот број туристи, 25,7 проценти се домашни, а 74,3 отсто се странски туристи.
Државниот завод за статистика денеска објави дека најмногу странски туристи во ноември имало од Турција – 12.401 по што следуваат Германија – 11.812, Србија – 3.793, Грција – 3506…
Бројот на ноќевањата во ноември 2025 година изнесува 146.605, од кои 33,9 проценти се од домашните туристи, а 66,1 проценти од странските туристи.
Во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6 проценти, со тоа што кај домашните туристи има намалување за 2,5 процента, а кај странските има зголемување за 10,3 проценти.
Во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0,8 проценти, така што кај домашните туристи има намалување за 4,3 проценти, а кај странските има зголемување за 6,9 проценти.
