Skip to main content
Македонија

Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности во Општина Ново Село

13/01/2026  13:59

Агенцијата за катастар на недвижности продолжува со заложбите за доближување на услугите до граѓаните и правните лица, преку подобра територијална покриеност, поефикасни постапки и рамномерен регионален развој.

Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.

Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.