
Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид денеска во водите на Охридското Езеро кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган, со што го најавија доаѓањето на Стара нова година.
Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите.
