Skip to main content
Хроника

Приведен бугарски државјанин на ГП Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

13/01/2026  11:44

На 12.01.2026 во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.