Skip to main content
Хроника

Пожар во Виничко едно лице е повредено

12/01/2026  12:55

На 11.01.2026 во 12:04 часот во ОВР Виница e пријавено дека во с.Блатец околу 11:50 часот настанал пожар во куќа и помошна просторија– работилница, сопственост на М.Д.(70) од истото село. М.Д. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Виница е пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.

Од страна на екипи од Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат.