Skip to main content
Македонија

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 3,33%

11/01/2026  12:50

Излезноста до 11.00 часот на гласачките места во четирите општини каде денеска се гласа за градоначалник е 3,33 проценти информира Државната изборна комисија.

Нјависока излезеност има во општината Маврово и Ростуше каде гласале 5,90 % од запишаните избирачи.

Понатаму, во општина Гостивар гласале 3,21% додека во Врапчиште тој процент е 3,02.

Најмала излезеност има во Центар Жупа каде до 11 часот своето избирачко право го искористиле 2,22 проценти од запишаните гласачи.