
Водостојот на реката Вардар во Скопје е зголемен. Ова е резултат на обилните врнежи што ја зафатија Македонија во последните денови.
Од УХМР предупредуваат на зголемена претпазливост при движење во близина на речното корито, особено на пониските и слабо осветлени делови покрај кејот.
Во следните часови нивото на реките ќе остане високо во Скопје и во горните делови на сливовите, иако се очекува постепено опаѓање во текот на ноќта.
