Skip to main content
Македонија

Од утре започнува скијачката сезона на Попова Шапка

10/01/2026  15:39

Од  утре ќе може да се скија на Попова Шапка. Скијачите ќе имаат прилика да ги користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница.

-Официјално се отвора зимската сезона 2026, ски-лифтовите ќе бидат во функција од 08:45 до 15:00 часот. Сите оние кои сè уште зеле сезонски билети, ќе можат да ги земат директно на билетарата на Попова Шапка, соопшти техничкиот директор Станислав Бојчески