Skip to main content
Хроника

Фатени крадци од Кавадарци, дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

10/01/2026  11:14

На 09.01.2026, во времето од 16:00 до 19:35 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.О.(32), И.С.(28), К.Ј.(26) и Ѓ.К.(26), сите од Кавадарци.

Тие се сомничат дека од магацински простор, сопственост на правно лице од Кавадарци одзеле ламинат.

Дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот.

Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.