Skip to main content
Хроника

Tетовец баран со потерница за издржување затворска казна од три години спроведен во затворот Идризово

10/01/2026  10:47

На 09.01.2026 во 15:15 часот полициски службеници од СВР Тетово на ул ,,Штипска” во Тетово, го приведоа К.К.(44) од Тетово, кој бил баран со потерница по судска наредба за издржување на затворска казна од три години за сторено кривично дело ,,недозволена трговија и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

К.К. е спроведен во КПУ Идризово за издржување на казната.