Skip to main content
Скопје

На протестот поради јавниот превоз во Скопје се приклучуваат и средношколците

22/11/2024  13:15

Сојузот на средношколците ќе учествува на денешниот протест посветен на решавање на проблемот со недостигот на јавен превоз во Скопје.

MK Summit

Протестот ќе почне во 14 часот пред старата пошта во Скопје по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14.30 часот.

„Овој сериозен проблем особено ги засега средношколците правејќи го секојдневното патување до училиштата во градот сè потешко. Како млади луѓе, кои директно се засегнати, бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз и обезбедување еднаков пристап до образование за сите ученици“, велат од Сојузот на средношколците.

Се додава дека Сојузот останува посветен на застапување на правата и потребите на учениците и обезбедување дека гласовите ќе бидат слушнати за прашања што ги засегаат нашето образование и секојдневен живот.