На 21.11.2024 во 21.30 часот во близина на струшкото село Мали Влај, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода Д.М.(26) од Струга. При преглед во патничко возило „опел кадет” со струшки регистарски ознаки, во кој се превезувал, му била пронајдена и одземена марихуана и грендер. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стружанец фатен со дрога
22/11/2024 12:29