Skip to main content
Магазин

Синот на Илон Маск откри како се изговара неговото име (X Æ A-12)

22/11/2024  12:23

Милијардерот Илон Маск, кој го привлече вниманието со поддршката на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, е татко на дури 12 деца, а едно од нив има необично име.

Маск и неговата тогашна девојка, пејачката Грајмс, го објавија името на нивниот син X Æ A-12 во 2020 година изненадувајќи многумина. На почетокот на месецот Маск даде интервју со Такер Карлсон, а во еден момент неговиот син упадна во кадарот и седна во скутот на својот татко.

Маск се насмевна и рече дека четиригодишното момче е негова мини верзија и додаде дека син му го комплетира. Кога Карлсон го праша како се вика, X Æ A-12 си го кажа своето име и ги остави луѓето во чудо.