Skip to main content
Свет

Силен земјотрес во Јапонија

06/01/2026  08:17

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди западниот јапонски регион Чугоку, по што следеа низа силни последователни потреси, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Јапонската агенција за регулирање на нуклеарната енергија соопшти дека немало нерегуларности по земјотресот. Втората единица на централата беше рестартирана во декември 2024 година, прв пат откако сите нуклеарни централи во Јапонија беа затворени по катастрофата во Фукушима во март 2011 година.

Земјотресот имал сеизмички интензитет од 5 степени според јапонската скала од 1 до 7, доволно силен за да го отежни движењето без поддршка. Железничкиот оператор „Вест Јапан Рејлвеј“ соопшти дека услугите на брзите возови на погодените делови се суспендирани по земјотресот.