Skip to main content
Скопје, Хроника

Пешак загина во сообраќајка во Скопје

04/01/2026  13:22

60-годишен маж го загуби животот откако беше удрен од патничко возило „мерцедес“, управувано од 40-годишна жена од Скопје.

Смртта била утврдена на самото место од екипа на Итната медицинска помош. По несреќата, возачката била приведена од полициски службеници од СВР Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот, а надлежните служби продолжуваат со собирање информации за причините и околностите под кои се случила трагедијата. Случајот ќе биде доставен до надлежните институции за понатамошна постапка.